Денес не очекува ракометна сабота обоена во црвено-црно, каде двете екипи на Вардар гостуваат кај двата свои ривали, во борбата за првото место во своите групи. Момент на вистината за двете екипи, за нивниот квалитет и за тоа до каде ќе можат да стигнат оваа сезона во Лигата на шампионите.

Најпрво ракометарките на ЖРК Вардар му гостуваат на унгарскиот вицепрвак Ѓер, екипата која на стартот од оваа сезона му го нанесе најтешкиот пораз на македонскиот првак пред својата публика во „Јане Сандански“ во тригодишната историја. Но, тоа е веќе минато. Денешниот ЖРК Вардар е друга екипа, а тоа го докажа на последните два натпревари против Митјиланд, екипа која замина во Унгарија се зо цел да им се реваншира и да се врати со полн плен.
Вардарки ги чека тежок натпревар, но дотолку одиграат како што одиграа во одбраната против Митјиланд, нема да преставува голем проблем победата и новите бодови, кои ќе ги зацврсти на првата позиција во групата Ц.

Натпреварот ќе се одигра од 16:30 часот, со директен пренос на МРТ.

Неколку часа подоцна, ракометарите на Вардар му гостуваат на европскиот шампион, екипата на Барселона. Натпревар помеѓу две големи екипи кои имаат иста цел оваа сезона, пласман на Ф4, натпревар кој ќе решава за првата позиција на табелата од групата Б. Оваа сезона каталонците не ја почнаа како што посакуваа, изгубија уште во првото коло од Рајн Некар, но полека од натпревар во натпревар се вратија на победничките патеки.
Ракометарите на Вардар за прв пат ќе гостуваат во Барселона без тоа да се секираат со колку разлика е изгубат, или пак битно што подолго да им се спротиставиме, туку идат на да извадат позитивен резултат т.е. победа! Условите за такво нешто ги поседуваат, добар показател за тоа беа натпреварите со Киелце во ЛШ и со Веспрем во СЕХА лигата. Останува само да одиграат на едно такво високо ниво, цврсто во одбраната и разновидно во нападот, по што несомнено веруваме дека вардарци ќе се вратат со позитивен резултат од Барселона.

Натпреварот ќе се одигра од 19:30 часот, со директен пренос на МРТ.