Тренерот на Барселона, Чави Паскал во пресрет на денешниот натпревар изјави дека гледа со голем респект на Вардар сезонава и дека му е јасно ако сака Барселона да забележи победа ќе мора максимално да одигра
„Ова е еден од најважните натпревари. Вардар е лидер затоа што го заслужи тоа, затоа што игра многу добро и затоа што има силен тим и одличен тренер. Станува збор за тим од самата европска елита, со тројца шпански репрезентативци (Штербик, Душебајев, Македа) и ракометари како Дибиров, Тоскиќ, Карачиќ… Вардар има артилерија за да влезе на фајналфор, тие можат да победат секото и на домашен терен и на гости. За да славиме денеска ќе ни биде потребна помош од публиката, се надевам дека нашите навивачи ќе ни ја дадат неопходната поддршка“ – изјави Чави Паскал.