После одличниот старт вчера на натпреварот против Азербејџан, женската ракометна репрезентација на Македонија денес е пред најважниот предизвик против репрезентацијата на Исланд.
Натпреварот кој ќе се игра денеска со почеток во 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, директно ќе одлучува за првото место во нашата квалификациска група кое носи пласман во јунскиот бараж за СП 2019 во Јапонија.
Репрезентацијата на Исланд во квалификациите стартуваше исто така убедливо, победувајќи ја репрезентацијата на Турција со резултат 36:23. Најефикасна на тој натпреварот беше искусниот пикер на дански Есберг, Арна Палсдотир која постигна 8 погодоци, а исто така голема опасно за противничкиот гол беше десното крило, Тори Стефансдотир.
Во покануваме во што поголем број да присуствувате на овој многу важен натпревар на овие девојки, кои веќе неколку години работат напорно за да стигнат до едно големо натпреварување.
Во последното коло во групата, ракометарките на Македонија ќе играат против Турција, а ракометарките на Исланд против репрезентацијата на Азербејџан. Пласман во баражот за СП 2019 обезбедуваат сите првопласирани и најдобрата втора репрезентација од сите четири квалификациски групи.