Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес ги одбра ракометарите кои вечерва ќе ѝ се спротивстават на репрезентацијата на Турција на стартот од квалификациите за ЕП 2020.
Четворица од ракометарите (илип Чурлевски, Горан Крстевски, Никола Митревски и Златко Даскалоски) кои изминатиот период напорно тренираа во скопје нема да ја почуствуваат атмосферата во Битола.
Списокот на 16-те ракометари:
- Борко Ристовски
- Мартин Томовски
- Дејан Манасков
- Жарко Пешевски
- Никола Маркоски
- Велко Маркоски
- Филип Талески
- Гоце Ојлески
- Гоце Георгиевски
- Мартин Поповски
- Стојанче Стоилов
- Немања Прибак
- Кирил Лазаров
- Мартин Велковски
- Филип Лазаров
- Филип Кузмановски
Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра вечерва од 20:45 часот, со директен пренос на ТВ Телма.