ТВ Телма ќе го пренесува натпреварот на Македонија против Турција

македонија публика

Нашата репрезентација утре ќе го игра првиот од двата натпревари во рамките од квалификациите за ЕП 2020, против екипата на Турција.

Македонија е во група со Турција, Грција и Исланд, по што се очекува без многу проблеми да се пласира на ЕП, особено што на првенството се пласираат првите две и четири третопласирани селекции од 8-те групи.

Натпреварот против Турција се игра утре (четврток) со почеток од 20:15 часот, а преносот од натпреварот ќе биде обезбеден на ТВ Телма.