Денес ракометарите на Вардар ги очекува голем предизвик во рамките на 7-то коло во Лигата на шампионите, екипата на Барселона.
Капитенот Стојанче Стоилов, во својата изјава потенцираше дека „црвено-црните“ знаат како се победува Барселона.
„Барселона е тимот со кој до последно ќе се бориме за првото место во групата и затоа овој натпревар е многу важен. Каталонците знаат што ги очекува во Скопје, никому не му е сеедно кога игра пред нашите верни фанови. Од друга страна, ние знаеме како се победува во Барселона, голем дел од екипата што во минатото славеше над овој голем ривал се уште го носи дресот на Вардар. Сезонава наспроти сите очекувања ни оди добро, бидејќи и новите засилувања кои дојдоа видоа дека има победнички менталитет. Ќе решава борбеноста, дали ќе дадеме се од себе“ – изјави Стоилов.
Фото: www.ekipa.mk