Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз пред својата публика од екипата на Барселона со резултат 30:26, во рамките од 7-то коло во Лигата на шампионите.
Одлична атмосфера владееше во преполнатата сала „Јане Сандански“, но сепак не беше доволно за „црвено-црвените“ да издвојуваат позитивен резултат.
Вардарци лошо го започнаа натпреварот и дозволија противникот уште на самиот старт да поведе со 5-1. Одбраната на Вардар која беше силната страна до сега, овојпат потфрли. Многу лесно ракометарите на Барселона доаѓаа до позиција за погодок, каде и голманите на „црвено-црвените“ беа немоќни. Сепак вардарци се консолидираа и фатија резултатски приклучок, но во самиот финиш од првото полувреме Барселона се одлепи на 3-4 погодоци и заминаа на полувреме со резултат 13:9.
Во второто полувреме ракометарите на Вардар продолжија со истата игра и не добија шанса да се доближат резултатски до самиот крај на натпреварот. По што каталонците цело време одржуваа предност од 6-7 погодоци, за на крај заминат со голема победа за нив со само 4 погодоци.
„Барселона денеска заслужено победи, ние им ја олеснивме задачата. Бевме во негатива од почетокот и постојано моравме да се враќаме. Секогаш кога требаше да го направиме клучниот шут имавме проблеми. Беше тешко да се вратиме, а игравме против многу силен противник во тежок натпревар. Сега ни претстои работа за уште еден дуел против Барселона на кој ќе имаме шанса за да ги поправиме грешките направени денеска. Во сабота во Барселона ќе мораме да одиграме далеку подобро“ – изјави Стоилов.
Најефикасни на натпреварот беа Дибиров со 6 и Кристопанс со 5 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Дика Мем со 8 постигнати погодоци.
Следниот викенд Вардар повторно ќе игра со Барселона, но во каталонската престолнина.