Денеска на официјалниот сајт на регионалната СЕХА лига беа објавени термините и распоредот на натпревари за завршниот турнир во Брест, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти Април.

Ракометарите на Вардар својот полуфинален натпревар против ППД Загреб ќе го играат во петок (7 април), со почеток од 17:30 часот.

  • Полуфинале:
    • Вардар – ППД Загреб (17:30 часот, 7 април)
    • Мешков Брест – Веспрем (20:00 часот, 7 април)
  • Меч за трето место (17:30 часот, 9 април)
  • Финале (20:00 часот, 9 април)