Калифа Гедбан Вардар Киелце ЛШ

Голманот на Вардар, Калифа Гедбан имаше важна улога во натпреварот против Киелце, каде „црвено-црните“ со десеткуван состав се спротиставија на силниот Киелце и ремизираа со резултат 28:28.

Неговите одбрани во второто полувреме, особено во последните 10 минути им помогнаа многу на ракометарите да бидат во игра до самиот крај на натпреварот за позитивен резултат.

Една од неговите одбрани се најде меѓу најдобрите пет за 7-мото коло во Лигата на шампионите.

Најдобрите 5 одбрани може да ги проследите на следниот ЛИНК.

Фото: Екипа.мк