Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски сезонава брани во одлична форма во екипата на РК Еурофарм Работник. Потврда за тоа се натпреварите во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите, каде е нерешлива енигма за противничките ракометари.
Митревски втор месец по ред е избран во идеалниот тим на регионалното натпреварување. Битолчанецот имаше 12 одбрани во големата победа на Еурофарм Работник против фаворитот Веспрем, а потоа придодаде уште 14 одбрани против ППД Загреб и Мешков Брест, па заслужено се најде меѓу најдобрите.
Со ова го завршуваме вториот месец од регуларниот дел на сезоната во СЕХА лигата. Македонските претставници и натаму добро котираат, бидејќи Вардар е лидер во групата А, а Еурофарм Работник го држи второто место зад Веспрем во групата Б.
Идеален тим за месец октомври во СЕХА лигата:
- Голман: Никола Митревски (Еурофарм Работник)
- Лево крило: Мануел Штрлек (Веспрем)
- Лев бек: Боривоје Ѓукиќ (Металопластика)
- Среден бек: Барис Пуховски (Мотор Запорожје)
- Десен бек: Микита Вајлупау (Мешков Брест)
- Десно крило: Дмитри Коваљев (Спартак Москва)
- Кружен напаѓач: Живан Пешиќ (Нексе Нашице)
- Тренер: Хрвоје Хорват (Нексе Нашице)
Следен натпревар на ракометарите на Еурофарм Работник е во вторник, против екипата на Мешков Брест.
Фото: Екипа.мк