Искусниот тренер на Металург, Хрватот Лино Червар е свесен за силината на својот денешен противник, но смета дека Металург е со реални шанси со триумф да го зпочне натпреварувањето во ЛШ.

Знаеме се што треба да се знае за Мотор, тоа е квалитетен тим што летово уште повеќе се засили. Во подготовките му дадоа над 30 кола на Кјелце, играа одлично со ривали од Бундес-лигата“, изјави Червар, дополнувајќи дека прва и основна цел е неговата екипа да одигра како што е договорено, а резултатите ќе мора да дојдат, порано или подоцна.

Најважно е да покажеме желба за борба, да гинеме за секоја топка. Ова е млад тим и резултатите можеби ќе варираат во периодот, но ако се бориме на секој натпревар, народот, нашите навивачи ќе знаат да го ценат тоа и ќе ни ја даваат поддршката што ја заслужуваме“, заврши Червар.

Во изјава за сајтот на ЕХФ, слично размислување има и новиот капитен на Металург, пивотот Пешевски. „Се надевам дека во групната фаза ќе ја играме „нашата игра“. Не треба многу да се грижиме за имињата на нашите противници, туку да веруваме во своите квалитети, и да имаме верба дека можеме секого да победиме. Се надевам дека, и покрај сите проблеми кои ги имавме во минатото, располагаме со екипа која може да се справи со противниците и дека ќе се бориме за пласман во следната рунда“.