Вечерва од 18:00 часот, ракометарите на Вардар му гостуваат на Веспрем, во рамките од СЕХА лигата.
Натпревар во кој унгарската екипа ќе сака да се одмазди за единствениот пораз оваа сезона, кој Вардар им го нанесе во септември во Скопје, со резултат 29:22. За разлика од Веспрем, „црвено-црните“ сеуште се единствената екипа која е без пораз во ова натпреварувње.
По двете победи на Веспрем, над Горење и Силкеборг во Лигата на шампионите и по двата порази на Вардар, од Рајн Некар Левен и Киелце, се очекува еден тежок натпревар во кој екипата која ќе биде поподготвена и посконцентрирана ќе издвојува победа, со која сигурно би го направиле клучниот чекор за првата позиција.
На овој натпревар тренерот на Вардар, Раул Гонзалес нема да смета на шпанецот Жоан Кањељас кој се повреди во Полска и специјалистот за оодбрана Илија Абутовиќ, кој сеуште се нема опоравено од повредата.
Натпреварот започнува од 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.