Во пресрет на СП во Германија и Данска, репрезентацијата на Македонија за прв противник ќе ја има Јапонија. Историски гледано, ова ни е прва средба со екипата која освари одлични успеси во „Жолтиот Куп“.

Селекцијата на Јапонија до сега има учествувано на повеќе светски и олимиски натпреварувања. На летните олимписки игри настапила 4 пати од кои најдобриот пласман го имала во далечната 1976 кога го освоила 9 место. Во поглед на светските мундијали ова ќе биде нејзин 14 настап, а најдобар настап има во 1970 кога се пласирала како десетта.

Селектор е исланѓанецот Дагур Сигурсон кој претходно можевме да го забележиме како селектор на репрезентацијата на Германија (2014-2017), со која стана Европски шампион во 2016 година. На клубски план во 2015 го освои ЕХФ купот со екипата на Берлин, за моментално да е на клупата на австриски Брегенц.

Во поглед на играчите, најголемиот дел настапуваат за јапонските ракометни клубови, додека само двајца играат во Франција и Шпанија. Во Азискиот Шампионат, репрезентацијата на Јапонија е редовен учесник, а дури два пати го освоила првото место.