Вардар СЕХА лига Мотор Запорошје

Ракометарите на Вардар вечерва рутинирано (44:37) стигнаа до уште една победа против екипата на Мотор Запорожје во рамките од СЕХА лигата.

Натпревар во кој двете екипи беа без многу стандардни ракометари, за Вардар ги немаше Криштопанс, Дисингер, Атман, Горбок, иако некои од нив беа на клупата. Додека екипата на Мотор Запорожје дојде без десетина ракометари, но тоа не му пречеше да се држи рамноправно со „црвено-црните“ во првото полувреме.

Успешна генерална проба пред гостувањето во Полска, кај екипата на Киелце во рамките од Лигата на шампионите. Кокшаров го искористи овој натпревар да испроба некои нови комбинации, играјќи со два пикера во нападот и повторно со Чупиќ и Дибиров како бекови. Тоа функционираше добро, но повторно потфрли одбраната, на чело со голманите. Калифа Гедбан застанана 1/15, а по него Артурс Кугис имаше 0 од 6 и тој катастрофарлен ефект беше главен фактор за високиот број постигнати голови.

Работите се сменија во второто полувреме, кога на голот првпат застана Марко Кизиќ. Во првите четири напади на Мотор одбрани три удари, по кои ракометарите на Вардар лесно се одлепија и да поведат со, дотогаш највисоки, 28:23. Потоа рутинирано да го завршат натпреварот со конечни 44:37, и враќање на врвот на табелата во СЕХА лигата.

Најефикасни на натпреварот беа Дибиров со 11, Чупиќ со 9 и Шишкарев со 7 постигнати погодоци. Додека кај гостите најефикасни беа Вујовиќ со 12 и Кравченко со 8 постигнати погодоци.

Фото: Екипа.мк