Македонија македонска репрезентација

Македонската машка репрезентација ќе одигра вкупно седум контролни натпревари пред настапот на Европското првенство во Јануари в година, кое ќе се игра во Шведска, Австрија и Норвешка.

Подготовките за престојните натпревари ќе започнат на 21-ви декември, кога ќе започне тренинг фазата на ракометарите и првите контролни натпревари со репрезентацијата на Кувајт (25, 26 декември во Белград). За ден потоа следи и настапот на турнирот Трофеј Карпати (27-30 декември во Букурешт), каде што противници ќе бидат репрезентациите на Романија, Холандија и Алжир.

Натпревари во кои селекторот, Данило Брестовац ќе провеше што повеќе млади ракометарите за да има попрецизна слика за формирање на составот на играчи што ќе ги бранат боите на Македонија на ЕП 2020.

Веднаш после новогодишните празници, македонската репрезентација во Словенија (Лашко) ќе ја обработи завршната фаза на подготовки со двата контролни натпревари против репрезентацијата на Словенија (3-ти јануари) и Црна Гора (5-ти јануари).

Седум контролни натпревари, во кои нашите ракометари ќе треба да ја подигнат својата форма на едно повисоко ниво и припремат за првите натпревари од групата Б, во која се наоѓаме заедно со репрезентациите на Чешка, Австрија и Украина.

Контролни натпревари пред ЕП 2020:

  • Македонија – Кувајт (25-26 декември во Белград)
  • Турнирот Трофеј Карпати – Романија, Холандија и Алжир (27-30 декември во Букурешт)
  • Македонија – Словенија (3-ти јануари во Лашко)
  • Македонија – Црна Гора (5-ти јануари во Лашко)