Селекторот на македонската машка репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот со 19 ракометари на кои ќе смета за првиот дел од подготовките за Европското првенство во јануари следната година.
Очекувано без најдобрите репрезентативци, кои се со интернационален статус и имаат клупски обврски до крајот на годината, Брестовац ги носи сите млади репрезентативци и им дава шанса да се покажат на следните пријателски натпревари.
Најпрво во Србија (Стара Пазова) нашата репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Кувајт.
- Македонија – Кувајт (25 Декември, 19:00 часот)
- Македонија – Кувајт (26 Декември, 19:00 часот)
Потоа заминуваат за Романија (Букурешт), каде ќе настапат на Ф4 турнирот „Трофеј Карпати“. Каде ќе играме против репрезентациите на Алжир, Романија и Холандија.
- Македонија – Алжир (28 Декември, 16:00 часот)
- Романија – Холандија (28 Декември, 18:00 часот)
- Натпревар за трето место (29 Декември, 16:00 часот)
- Финале (29 Декември, 18:00 часот)
Список на ракометари:
- Никола Митревски
- Марко Кизиќ
- Димитар Димитриоски
- Бојан Маџовски
- Мартин Поповски
- Ненад Костески
- Горан Крстевски
- Дарко Димитриевски
- Велко Марковски
- Мартин Велковски
- Мартин Серафимов
- Томислав Јагуриновски
- Марио Танкоски
- Марко Мишевски
- Мартин Манасков
- Дарко Георгиевски
- Никола Марковски
- Константин Петров
- Михаил Аларов
По новогодишните празници македонската репрезентација ќе се комплетира на 2-ри јануари и веднаш ќе отпатува за Словенија, каде ќе ја мине последната фаза од подготовките пред ЕП 2020.