Селекторот на македонската машка репрезентација, Данило Брестовац го објави поширокиот список со 28 ракометари, на кои ќе смета во подготовките и настапот на претстојното Европско првенство во Шведска, Австрија и Норвешка следната година (9-26 Јануари).
Подготовките стартуваат на 21-ви декември со собирот во Скопје, а скратениот список Данило Брестова ќе го објави пред стартот на подготовките за трофејот Карпати во Романија.
Поширокиот список на ракометари:
ГОЛМАНИ:
- Борко Ристовски
- Никола Митревски
- Мартин Томовски
- Марко Кизиќ
КРИЛА:
- Дејан Манасков
- Димитар Димитриоски
- Бојан Маџовски
- Гоце Георгиевски
- Мартин Поповски
- Ненад Костески
БЕКОВИ:
- Кирил Лазаров
- Филип Талески
- Филип Кузмановски
- Горан Крстевски
- Дарко Димитриевски
- Дејан Кукуловски
- Велко Марковски
- Мартин Велковски
- Мартин Серафимов
- Томислав Јагуриновски
- Марио Танкоски
- Марко Мишевски
- Мартин Манасков
- Дарко Георгиевски
ПИКЕРИ:
- Стојанче Стоилов
- Никола Марковски
- Жарко Пешевски
- Константин Петров
Нашата репрезентација ќе игра во групата Б, заедно со Австрија, Чешка и Украина.