Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник утре во Словачка, против екипата на Татран Прешов ќе ја брка првата победа на гостински терен во Лигата на шампионите.
Трета шанса за победа на гостински терен, откако на претходните две гостувања ракометарите на Еурофарм Работник минимално ги загубија. За љубителите на македонскиот ракомет „Дежа Ву“, а за ракометарите на Еурофарм Работник „ноќна мора“.
На двата натпревари битолчани одиграа феноменално прво полувреме и заминуваа со 3-5 погодоци разлика. Но, потоа во второто полувреме гледавме еден друг Работник, кој беше немоќен и дозволуваше противникот брзо и лесно да се врати во натреварот и во егал натпревар да издвојува победа. Слично беше и на последниот натпревар на домашен терен против утрешниот противник, каде во поголемиот дел го имаше резултатот во своите раце и повторно во финишот го загуби напреварот.
Дали искуството беше пресудно за ваквата игра или нешто друго останува да видиме во следните натпревари, дали ќе ги поправат своите грешки и издвојуваат позитивен резултат.
Тренерот на „бело-плавите“, Стевче Алушовски во Битола ги остави десниот бек Михаил Петровски, како и повредените Никола Маркоски и Милорад Кукоски.
Натпреварот започнува утре во 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.
*Судии на натпреварот се Французите Карим и Рауф Гасми, додека делегат е Словенецот Јанко Пожежник.
Фото: Официјалниот сајт на РК Еурофарм Работник