Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕП во Шведска, Австрија и Норвешка, против домаќинот Австрија. Натпревар во кој потребна ни е победа од два или три разлика, за да се пласираме во следната рунда од Европското првенство.
Нашата репрезентација потешко од очекувањата ја совлада Украина, но целта беше остварена си минималната победа. За разлика од првиот натпревар, во вториот натпревар лошото второ полувреме против Чешка нè чинеше пораз по кој се најдовме во ситуација да зависиме од последниот натпревар во групната фаза.
Австрија со две победа во првите два натпревари, покажа дека е добра репрезентација. Предводена од бековите Никола Билик и Јанко Божовиќ ќе пробаат да стигнат што повисоко на ова Европско првенство.
Клучна ќе биде нашата одбрана на овој натпревар. Која ако е на висина на задачата, многу ќе им олесни на нашите голмани. Затворањето на искусните Божовиќ и Билик, ќе биде клучно за овој натпревар. Бидејќи овие двајца ракометари беа носители на играта на австриската репрезентација.
Но, освен одбраната мора да се смени играта и во нападот. Да не биде товарот во нападот на капитенот Кире Лазаров, туку бековите Талески, Кузмановски и Танкоски да му помогнат.
Натпреварот започнува од 18:15 часот, со директен пренос на ТВ Телма.